Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози - исплатени субвенции, плати, К-15 и средства за капитални инвестиции

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози - исплатени субвенции, плати, К-15 и средства за капитални инвестиции

24 декември 2025, Скопје – Министерството за финансии продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од страна на буџетските корисници, кои согласно насоките ги доставуваа до 15 декември 2025 година.
Во изминатите неколку дена преку трезорот беа реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, потоа исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за примарна здравствена заштита и други тековни налози.
Меѓу реализираните налози во текот на изминатата недела, исто така, се и средствата за проекти за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување, како и средства за поврат на придонеси кон заштитни организации.
 

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност