Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МФ: Академијата за јавни финансии одржа обука за придобивките од внатрешната ревизија, во наредниот период продолжува реализација на Годишната програма

МФ: Академијата за јавни финансии одржа обука за придобивките од внатрешната ревизија, во наредниот период продолжува реализација на Годишната програма

23 февруари 2026, Скопје – Академијата за јавни финансии при Минитерството за финансии, во рамки на ЕУ проектот „Поддршка на програмата за реформа на управување со јавните финансии во Северна Македонија“, оганизираше обука на тема „Придобивките од функцијата на внатрешната ревизија и процесот на управување со ризици во АД ЕСМ. Обуката беше наменета  за средното раководство на АД ЕСМ.

Обуката се одржа во рамки на Област 2 од Проектот, којашто се однесува на унапредување на системите за внатрешна контрола и зајакнување на капацитетите на внатрешната ревизија во согласност со меѓународните стандарди. Обуката беше имплементиранa од страна на Секторот за централна хармонизација на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор при Министерството за финансии во соработка со партнерите од Европската Унија и WeGlobal, а обучувачи беа странски експерти и експерти од Министерството за финансии.

Целта на настанот беше запознавање на раководителите на организациските единици со придобивките од функцијата на внатрешната ревизија и со значењето на систематското управување со ризици во рамки на нивното работење.

Во наредниот период Академијата ќе продолжи со реализација на обуките планирани со Годишната програма за обуки. Меѓу планираните обуки се обуки за постапка за ослободување ДДВ при реализација донации и спонзорства во јавните дејности, за фискалната стратегија, регистар на буџетски корисници и управување со финансиски планови, евидентирање на јавни приходи, извршување на буџетот, управување со ризици и слично.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност