Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана обука за „Буџетскиот циркулар – Насоки за подготовка на буџет”

Одржана обука за „Буџетскиот циркулар – Насоки за подготовка на буџет”

02 јули 2026 година, Скопје- На 2 Јули, Министерството за финансии, преку Академијата за јавни финансии, денес организираше обука на тема „Буџетски циркулар – Насоки за подготовка на буџет“, со цел унапредување на знаењата и капацитетите на буџетските корисници во процесот на подготовка на буџетот.

Обуката беше наменета за претставници на институциите кои учествуваат во процесот на буџетско планирање и имаше за цел да обезбеди практични насоки за правилна примена на Буџетскиот циркулар и подготовка на буџетските предлози.

Во рамките на обуката беа обработени теми поврзани со содржината на Буџетскиот циркулар, макроекономските претпоставки, стратешките приоритети и максималните износи на расходи, како и детални насоки за пополнување на обрасците од Буџетскиот циркулар.

Посебен акцент беше ставен на практичните аспекти при подготовката на буџетските барања, како и на насоките за пополнување на Образецот за концепт на проект и Образецот за фискален ефект кој произлегува од Реформската агенда.

Предавач на обуката беше Тоше Пановски од Секторот за буџети и фондови при Министерството за финансии, кој преку практични примери ги презентираше клучните аспекти од процесот на подготовка на буџетот и одговараше на прашањата на учесниците.

Министерството за финансии континуирано вложува во јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на буџетскиот процес, со цел обезбедување поефикасно, потранспарентно и стратешки ориентирано управување со јавните финансии.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност