Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана презентација на Прирачник за обучувачи во Академијата за јавни финансии

Одржана презентација на Прирачник за обучувачи во Академијата за јавни финансии

5 октомври 2026 година, Скопје -Денеска во просториите на Министерството за финансии, се одржа презентација на Прирачникот за обучувачи, изготвен од Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии.  
Прирачникот и неговата практична примена беа презентирани од Славица Димоска Давковска, Советник за подготовка на програма за работа и програми за обуки во Академијата за јавни финансии.
Прирачникот е подготвен како практична поддршка за обучувачите во Министерството за финансии, со цел да им помогне при планирањето, креирањето и спроведувањето на обуките, како и во примената на современи пристапи и методи за поефикасно пренесување на знаењата и задржување на вниманието и активното учество на учесниците.
На презентацијата присуствуваа обучувачите вработени во Министерството за финансии, кои имаат значајна улога во споделувањето на стручните знаења и искуства и во континуираното јакнење на капацитетите на вработените во јавниот сектор.
Во текот на презентацијата беа опфатени клучните насоки и препораки од Прирачникот, со посебен акцент на подготовката на обуките, структурата и содржината на презентациите, изборот на соодветни методи на работа и техниките за активно вклучување на учесниците.
Со изготвувањето и промовирањето на Прирачникот за обучувачи, Академијата за јавни финансии продолжува со активности насочени кон унапредување на квалитетот на обуките и зајакнување на капацитетите на обучувачите во Министерството за финансии, како значаен предуслов за развој на професионална и ефикасна јавна администрација.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност