Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилница на тема „Глобални стандарди за внатрешна ревизија”

Работилница на тема „Глобални стандарди за внатрешна ревизија”

6 април 2026, СкопјеМинистерството за финансии и ИПА проектот „Поддршка за имплементација на Програмата за реформа на јавните финансии 2024–2027“, во периодот од 31 март до 3 април 2026 година организираше две работилници на тема „Глаболни стандрди за внатрешна ревизија“.

Работилниците се одржаа во просториите на Министерството за финансии, во рамки на континуираните напори за зајакнување на системот на јавни финансии и унапредување на професионалните капацитети на внатрешната ревизија во јавниот сектор. Целта на работилниците беше да се обезбеди стратешка и практична поддршка за унапредување на внатрешната ревизија, како клучна функција во системот на добро управување.

Работилниците се во насока на унапредување на знаењата и вештините на внатрешните ревизори, со посебен акцент на практичната примена на Глобалните стандарди за внатрешна ревизија.

Работилниците беа наменети за внатрешни ревизори од јавниот сектор, кои преку интерактивен пристап имаа можност да разменат искуства, да дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа, како и да се запознаат со добри практики и современи методолошки пристапи. Особен придонес во квалитетот на обуките дадоа експертите проф. д-р Борис Тушек и Љерка Црнковиќ, кои преку своето долгогодишно искуство и експертиза обезбедија висок стручен и академски пристап кон темата.

Со реализацијата на овие работилници се потврдува посветеноста на институциите кон континуирано јакнење на професионалните стандарди и унапредување на функцијата на внатрешната ревизија, како еден од клучните механизми за обезбедување ефикасно, транспарентно и отчетно управување со јавните средства.

Работилниците беа организирани во соработка со Секторот Академија за јавни финансии и Секторот за централна хармонизација на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор при Министерството за финансии.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност