Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилница за клучните сектори во МФ посветена на управувањето со процесот на анализа на трошоци

Работилница за клучните сектори во МФ  посветена на управувањето со процесот на анализа на трошоци

9 април 2026, Скопје - Во организација на Министерството за финансии  - Академијата за јавни финансии, со поддршка на Светска банка на 9 април 2026 година се одржа работилница на тема „Анализа на трошоци“.

На настанот учествуваа претставници од клучните сектори во Министерството за финансии, односно Секторот за буџет и фондови, Секторот за трезор, Сектор за централна хармонизација на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниост сектор и Секторот за следење и анализа на финансиското работење на јавните претпријатија, при што беше обезбедена меѓусекторска размена на знаења и искуства. Во текот на работилницата беа презентирани искуства од Словачка, со фокус на институционалната поставеност, интеграцијата во буџетскиот циклус и научените лекции.

Посебен акцент беше ставен на управувањето со процесот на анализа на трошоците, дефинирање приоритетни области, како и на практични вежби за утврдување опфат, индикатори, податоци и трошочни двигатели. Работилницата заврши со дефинирање на следните чекори, временски рамки и одговорности.

Оваа активност е дел од континуираната соработка со Светска банка, започната во 2025 година, којашто има за цел воведување современи стандарди за транспарентност, отчетност и ефикасно управување со јавните ресурси.

 

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност