Сектори
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирана обука за поефикасно планирање и користење на средствата од странски извори

Реализирана обука за поефикасно планирање и користење на средствата од странски извори

20 април 2026, Скопје - Во насока на зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на управувањето со јавните финансии, денеска во просториите на Министерството за финансии се реализираше еднодневна обука на тема „Обезбедување средства од странски заемодавач за финансирање конкретен проект на носител на јавен долг“.

Обуката беше наменета за претставници од министерствата, јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, коишто активно работат на подготовка, финансирање и имплементација на проекти, со посебен акцент на големи инфраструктурни проекти.

Целта на обуката беше да се зголеми капацитетот на учесниците за обезбедување поволни, стабилни и одржливи извори на финансирање, согласно законската рамка за јавен долг. Преку интерактивен пристап, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења за финансиските инструменти (заеми и грантови), да се запознаат со релевантните одредби од Законот за јавен долг и да развијат практични вештини за подготовка и реализација на финансиски структури за проекти.

Обуката ја реализираа обучувачите Драгана Мицевска и Ана Димитриевска од Секторот за меѓународни финансиски односи, коишто преку своето стручно искуство и интерактивен пристап овозможија квалитетен пренос на знаења и практични вештини.

Преку комбинација на предавања, групна работа и интерактивни дискусии, учесниците стекнаа конкретни знаења и вештини кои ќе им овозможат поефикасно планирање, преговарање и користење на средствата од странски извори.

Очекуваниот ефект од обуката е зголемена ефикасност во процесите на обезбедување финансиски средства, како и поуспешна и навремена реализација на проекти од јавен интерес, што директно придонесува за економскиот развој и подобрување на квалитетот на јавните услуги.

Финансиска едукација

Финансиска едукација

Постави прашање

Постави прашање

Одлуки на финансиска инспекција

Одлуки на финансиска инспекција

Анкетен лист

Анкетен лист

Буџетски трошоци во изборен период

Предизборен финансиски извештај

Мени за пристапност